Министерството за здравство апелираше до граѓаните за масовна вакцинација

Бројот на заразените од КОВИД 19 и натаму се зголемува. Во последните 24 часа регистрирани се 54 заразени лица од вкупно 3.764 тестирани. 12 лица оздравеле. Процесот на имунизација на граѓаните е во тек. Само вчера, вакцинирани се 14.230 граѓани. 3.770 од нив ја примиле првата доза, додека другите биле повторно вакцинирани. Македонија е рангирана на првото место во регионот, како и во некои европски земји за најголем број вакцини кои се применуваат на дневна основа на 100 жители. Министерот за здравство ги повика граѓаните оваа динамика на вакцинација да продолжи сè до постигнување на колективен имунитет. Досега се вакцинирани 506.033 лица. Процесот на вакцинација се одвива низ целата земја во здравствените домови, спортските сали и на терен во селата. Вакцинацијата на неподвижни лица по дома е во тек. Најголем процент на вакцинирани лица има кај третата возраст или граѓани постари од 70 години. Сепак и вакцинацијата кај другите возрасни групи е над 45%. Досега се имунизирани 85% од здравствените работници, додека процентот на вакцинирани наставници досега е над 55%. Од друга страна, Министерството за образование нема нови податоци за тоа дали е зголемен бројот на вработени во образованието кои биле вакцинирани.
Министерство за образование и наука
„Досега, Министерството за образование и наука има трипати доставено списоци на вработени во училиштата до Министерството за здравство кои биле вакцинирани, додека во тек е собирање на податоци за четвртиот циклус на вакцинација во секторот на образованието. Активностите на МОН и МЗ ќе продолжат во текот на следниот месец. МОН неколку пати апелираше до наставниците и до целиот друг помошен персонал да се пријават за вакцинација со цел да се зголеми процентот на имунизирани во училиштата.
Властите бараат масовна вакцинација на населението како единствена мерка за спречување на тешки форми на болеста, последици од смртта и поголемото ширење на вирусот.
Vjollca Aliti