ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министрите Меџити и Алиу неразрешени, а Алијанса предлага нови

Министрите Меџити и Алиу неразрешени, а Алијанса предлага нови

Управниот совет на Алијанса за Албанците, кој пред еден ден предложи разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу, денеска предложи нов министер за здравство да биде Илир Демири, а за администрација Наим Бајрами.

Advertisements

Ваквата одлука доаѓа по изјавата на министрите Алиу и Меџити дека предлогот на нивната партија за разрешување е нелегитимен бидејќи не е во согласност со статутот.

„Прво, тоа не може да биде легитимно бидејќи, според нашиот статут, одлука за именување или разрешување на министри не може да се донесе на овој начин“,  рече Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација.

Во моментов нема потврда дали премиерот Талат Џафери ќе предложи разрешување на министрите Алиу и Меџити. Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, рече дека членовите на Владата може да се менуваат по барање на партијата која учествува во Владата.

Според министрите, Алиу и Меџити, предлозите за нивно разрешување, како и за разрешување и на други кадри од Алијанса блиски до Таравари е политичка одмазда на ДУИ.

„Артан Груби е оној кој одлучува. Артан Груби одлучи, за жал, заедно со колегите од нашата политичка партија да бидат разрешени и најверојатно ќе продолжи да се разрешува колку што може повеќе“, нагласи Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација.

На министрите ден претходно не им беше дозволено ниту да одржат прес-конференција во владините простории, иако конференцијата беше претходно најавена./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button