ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министрите на Алтернатива резрешени, ВМРО и Талат Џафери „се фатија за гуша“

Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи повеќе не се министри во владата на Ковачевски. Собранието со мнозинство од 65, односно 64 гласа „за“ ги разреши актуелните министри на Алтернатива. Седницата беше проследена со тензии, особено при нејзиното продолжение до 1.30 часот по полноќ. Се караа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и спикерот Талат Џафери, а во врска со синот на Џафери.

Advertisements

Откако министрите на Алтернатива се сега веќе разрешени, на дневен ред доаѓа точката за гласање на новите четворица министри, тројца од Алијанса за Албанците и еден од СДСМ. Дебатата за нив ќе се одвива во пакет, а гласањето поединечно. ВМРО-ДПМНЕ побара индивидуална расправа за секој од кандидатите за министри, како што беше случајот со разрешувањата, но нивното барање не беше прифатено.

„Членот 221 предвидува индивидуално разрешување бидејќи во историјата на ова Собрание нема пример за разрешување на повеќе од еден министер или член на владата и на помалку од 1/3 од Владата“, рече Џафери.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button