ВЕСТИРЕГИОН

Министрите на ЕУ ќе расправаат за кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина

Барањето на Босна и Херцеговина да стане земја кандидат за членство во ЕУ ќе се најде на дневен ред на состанокот на министрите за европски прашања на Унијата, што денеска ќе се одржи во Брисел. Доколку амбасадорите претходно дадат „зелено светло“, таа одлука денеска би ја потврдиле министрите, а потоа и лидерите на ЕУ на 15 декември на нивниот самит. Вчера претставниците на ЕУ не можеа да кажат дали Унијата ќе ја донесе оваа одлука за БиХ и дали некои земји-членки на ЕУ се уште се колебаат.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button