ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министрите од ЕУ не го сменија мислењето на Мицкоски

Тројцата министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, кои вчера престојуваа во Скопје во име на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика Жозеф Борел, не го сменија мислењето на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, за поддршка на уставните измени. Мицкоски вели дека одговорноста за можните одолговлекувања во евроинтеграциите на земјата ќе биде на Владата.

Advertisements

Тројцата министри за надворешни работи – австрискиот чешкиот и словачкиот – побараа национален консензус од лидерите за одлуките поврзани со ЕУ. Тие рекоа дека предвремените избори ќе бидат пречка.

„Истакнавме дека обидот да се добијат политички поени во домашната политика, и можните парламентарни избори ќе бидат исклучително контрапродуктивни. Сите лидери мора да покажат лидерство и консензус по ова прашање“, рече Мирослав Влаховски, министер за надворешни работи на Словачка.

„Убедени сме дека никогаш повеќе нема да има поповолни услови за интеграција на Северна Македонија во ЕУ од сега. Убеден сум дека спроведувањето на уставните измени ќе го отвори патот за членство во ЕУ. Колку побрзо се усвојат амандманите, толку побрзо Северна Македонија ќе може да влезе во ЕУ. Ќе сториме сé што е можно за да ги спречиме понатамошните барања за отворените билатерални прашања“, рече Јан Липавски, Министер за надворешни работи на Чешка.

Во рамки на интензивираните дипломатски посети за поттикнување на поддршката за уставните измени, идната недела во Скопје ќе престојуваат уште тројца министри за Европа, Германија, Франција и Полска.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button