
Министрите за надворешни работи од Групата седум (Г7) ќе се сретнат во понеделник во Канада по седум недели зголемени тензии меѓу сојузниците на САД и претседателот Доналд Трамп поради неговите промени во надворешната политика кон Украина и воведувањето царини, објави Ројтерс.
Министрите од Обединетото Кралство, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, заедно со претставници на ЕУ, ќе се сретнат на дводневни состаноци во туристичкиот град Ла Малбае, Квебек.
Една од главните точки на агендата ќе биде извештајот за разговорите што американскиот државен секретар Марко Рубио ги одржа со Киев во Џеда, Саудиска Арабија, во вторникот, каде Украина рече дека е подготвена да го поддржи 30-дневниот договор за прекин на огнот.