ВЕСТИЗДРАВСТВО

Министрите за здравство седнуваат-стануваат, проблемите остануваат

Уште еден министер за здравство ја напушта функцијата пред да го заврши мандатот. Беким Салиу наследи проекти оставени до половина, ветуваше и други, но не успеа да ги реализира. Сите министри за здравство меѓу главните заложби ја имаа изградбата на нов Клинички центар. Но, освен најави, тоа не се случи. Напротив, дури државата треба да плаќа милионски казни бидејќи го раскина договорот со една италијанска фирма.

Advertisements

Поранешниот заменик-министер за здравство, Илир Лума, вели дека честото менување на министри ја оневозможува реализацијата на проектите и создава бројни пречки во работењето.

„Од смената на министерот почнуваат и други смени, дирекции, газди… Директорите во нивните болници прават свои промени. А, во временски период од 1 година и повеќе ако функционира Владата до крајот на мандатот, не знам какви резултати може да покаже министер или директор. Накратко, трпат граѓаните, трпи самата институција, има разни материјални штети, во човечки ресурси и она што е многу важно е дека имаме штети по здравјето на луѓето… Не можеме да го обвиниме актуелниот министер дека не може да направи нешто, бидејќи немаше време, но не можеме да кажеме дека за толку кратко време постигна успех од кој може да се разликува од другите“, рече Илир Љума, поранешен заменик-министер за здравство.

Проблемите на пациентите не се сменија и покрај честото менување на министри.

Од 2017 година наваму, С Македонија имаше тројца министри за здравство. По формирањето на Владата на Заев, за министер беше избран Арбен Таравари, кој на оваа фотелја остана само неколку месеци откако беше избран за прв човек на општина Гостивар. Потоа дојде Венко Филипче, а по неговата оставка, во фотелјата седна Беким Сали.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button