Миновски: Државата мора повеќе да работи на намалување на енергетската сиромаштија и намалување на увозната зависност на државата
Миновски: Државата мора повеќе да работи на намалување на енергетската сиромаштија и намалување на увозната зависност на државата

Во своето вчерашно гостување на Програмата 200, професорот Драган Миновски рече дека државата мора повеќе да работи на намалување на зависноста од увоз и да развие политики кои се фокусираат на семејствата кои не можат да си ги платат сметките за струја.
„Многу поголем фокус треба да се насочи државата, но и локалинте заедници, општините кон начинот на загревање, односно потрошувачката на енергија на ниво на целата територија, било да е државата или општината. А во исто време, фокусот треба да биде насочен кон оние семејствата кои навистина, како што рече претходно Билјана, секој месец имаат проблеми да ги платат сметките за енергија во своите домаќинства. Тука општината и државата имаат многу простор да делува, да ја намали таа енергетска сиромаштија, да ја намали увозната зависност на државата но и да придонесат многу повеќе за поголема удобност во домовите на граѓаните“, изјави Драган Миновски, универзитетски професор ./Alsat.mk