ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Минситерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека враќањето на данокот на солидардност ќе започне во 2026 година

Минситерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека враќањето на данокот на солидардност ќе започне во 2026 година

Се уште не е извршен повратот на данокот на солидардност кон компаниите од страна на државата . Минситерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска,вели дека не била запознаена со тоа дека компаниите се жалат, вели дека сите компании биле членки на Стопанската комора во Македонија и имале комуникации во насока да изнајдат заеднично решение како ќе ги враќаат средствата. Додава дека одлуката на уставниот суд за повратот на овој данок кон компаниите е да се врши во рок од пет години.
Димитиреска Кочоска посочи дека бараат враќањето на данокот на солидардност да започне во 2026 година.

Advertisements

„Одлуката беше да биде во рок од пет години, таква е одлуката на Уставниот суд е сега ние во овој период баравме решение. Морам да кажам дека информациите кои што ги добиваме и состаноците кои што ги имавме со одредени компании беа од тоа дека сакаат да им се вратат средствата со плаќање трансакции, не во кеш трансакциски, до такви компании кои што велат дека можеме да пребиваме но, има и такви компании кои што велат ние не ги сакаме парите назад, односно кога ќе ги вратиме назад кажете ни општествено одговорно да ги инвестираме“, рече Гордана Димитриеска Кочоска – Министерка за финансии.

Уставниот суд пред неколку месеци донесе одлука за поништување на законот за солидарен данок, со што државата на 156 копнании треба да им врати околу 49,2 милиони евра. Данокот на солидарност во државава беше воведен како еднократна, вондредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 годинаоствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари(околу 10 милиони евра)./Алсат.мк

Ангел Димовски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button