
Бојан Миовски ќе дебитира во недела, во дербито против Атлетико во Мадрид. Шпанските медиуми објавија дека каталонскиот тим го регистрирал напаѓачот и најверојатно Миовски ќе биде стартер на Метрополитано.
АС тврди дека Македонецот ќе има „квалитетна минутажа“ против Атлетико и од него се очекува да биде опасен, односно да ја пополни празнината до која дојде со заминувањето на најдобриот стрелец во Ла Лига од минатата сезона Артјом Довбик.
Жирона ја почна сезоната со реми на гости кај Бетис, а ждрепката сакаше да гостува и во второто коло.