СПОРТФУДБАЛ

Миовски со 2 гола ја однесе Џирона во следното коло на Купот во Шпанија

Фудбалерите на Џирона ја поминаа првата пречка во „Купот на Kралот“ откако на гостински терен славеа кај нисколигашот Екстремадура со убедливи 0-4.

Advertisements

Миовски ги реши сите дилеми на гостувањето на неговиот тим кај нисколигашот Екстремадура, откако за само четири минути во второто полувреме постигна два гола. Гостите имаа водство од 0-1 со голот на Брајан Жил во 12. минута.

Во 58. минута нашиот фудбалер стапи на сцена и го постигна својот прв гол во дресот на тимот од Каталонија за 0-2.

Само четири минути подоцна веќе беше и 0-3 со вториот погодок на Миовски на овој натпревар. До крајот конечните 0-4 беа дело на Мартинез во 76. минута.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button