МАКЕДОНИЈА

Мирчевски: Ќе поднесеме пријава против ЕУ експертите за сериозна клевета

Кои се главните предизвици во медиумите, што недостасува за регулирани медиуми и зошто се уште не се решаваат проблемите со незаконското реемитување на програмите, односно пиратеријата. Ова се прашањата за кои се бараат одговори додека се дебатира за вистинско усогласување на македонското со европското законодавство во медиумската сфера.

Advertisements

„Верувале или не, досега сме поднеле најмалку 11 кривични пријави до Обвинителството. Сега имаме една активна, три телевизии, Канал 5, Алфа и Телма, за едно правно и едно физичко лице коешто е одговорно лице во тоа правно лице и сега чекаме да видиме дали после година дена, со 11 нотарски записници, коишто потврдуваат евидентирање на кривично дело, а тоа е – пиратерија, дали во Обвинителството конечно ќе се охрабрат да не молчат пред фактите. Кога зборувате за слободни медиуми, може ли да ми дадете пример, потврден со факти, или со каква било судска или институционална потврда, дека постои неслободен медиум. Дел од луѓето што седат на таа маса направија сериозна клевета кон нашите компании, петте национални телевизии, во еден претходен документ, што беше јавно објавен, и многу ме интересираше како, ако некој не клевети, вие може да седнете и повторно да соработувате со него. стануваше збор за некои измени за Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, во деловите на пиратеријата, во деловите на државните кампањи, каде што од оваа госпоѓа пред мене, бевме обвинети дека наводно се враќа практиката во Македонија, во медиумскиот сектор кој во минатото направил, дисторзија на медиумскиот пазар, а исто така сериозно ја загрозил уредувачката политика. Ја за такво нешто не знам дека постои судска правосилна пресуда и за тоа мислам дека Националните телевизии ќе поднесат соодветен судски поднесок за сериозна клевета“, рече директорот на Канал 5, Иван Мирчевски,

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button