Мирис на изгорена пластика и чад се шири од депонијата кај Арачиново

Силен мирис на изгорено под отворено небо. Чадот кој се издига од дивата депонија и се губи во маглата е на самиот влез во селото Грушино, во општина Арачиново. Градежен шут, пластика, картонски кутии се само дел од она што се фрла и гори тука. Претпладнето кога на терен излезе екипата на Алсат, раздвиженоста во селото беше слаба. Поминаа неколку автомобили, од кој еден застана и буквално го истовари ѓубрето од автомобилот.
Неколку метри подолу, четворица работници се подготвуваа за работа на плодната почва која се наоѓа веднаш до депонијата. Не сакаа да зборуваат во камера, но рекоа дека оваа слика е присутна веќе 5 години. Грушино е на само 20 километри од центарот на Скопје. А сезоната на висока загаденост на воздухот во главниот град започна уште вчера. За Невена Георгиевска од 02 Коалицијата, и оваа година ќе има периоди со големо загадување на воздухот како и порано. Но, тоа ќе биде поопасно поради корона вирусот.
„Сѐ зависи од временските услови, она што ни се случи изминатите години, и годинава ќе биде исто. Инаку она што го гледаме загадување во главное ПМ10 честичките е поради грејната сезона, но и во летниот период имаше одредено загадување посебно со ПМ2.5 честичките во ноќните часови. Се работи за честички кои навлегуваат во нашиор организам и предизвикуваат ред други болести. Тие болести како ризички групи кои ја влошуваат ситуацијата, самиот корона вирус ја влошува ситуацијата кај заболените. Следната зима да не паничам ќе биде многу пострашна од другите“, рече Невена Георгиевска – Иницијатива 02
Според Георгиевска, премал е буџетот за ваков голем проблем да се реши. И вчера, но и денеска, поголемиот број мерни станици во скопските општини се обоени во портокалово, алармирајќи за високи ПМ10 честички во воздухот.
Алсат