Мисајловски: Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина ќе има рефлексија во цела Европа

Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина е многу загрижувачка и ќе има рефлексија не само кај нас, туку во цела Европа. Затоа е неопходно по дипломатски начин да се започне дијалог и да се постигне мир, истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тоа е на глобално ниво, а најбитно за нас, како што кажа, е безбедносната ситуација во државата да биде стабилна и да ги имаме сите неопходни информации.
-Состојбата целосно се следи на се она што е затекнато во соседството и тука како терористички структури. Податоците оперативно се обработуваат и сите достапни информации ги споделуваме со НАТО земјите. Не постои опасност, но со тие структури секогаш мора да се биде внимателен и затоа е добро да ги споделуваме сите информации со НАТО, зашто голем дел од нив и ги добиваме од Алијансата, рече Мисајловски.