ВЕСТИСВЕТ

Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објавија дека телефонски му ја честитале на Доналд Трамп на изборот за претседател на САД.

Advertisements

– Повторно преку телефон му честитав на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. ЕУ и САД споделуваат заеднички вредности и интереси.

Подготвени сме да ги продлабочиме односите ЕУ-САД на сите полиња, објави Мишел на Икс.

Тој во објавата натаму нагласува дека во телефонскиот разговор ги истакнал приоритетите на ЕУ во однос на економијата и геополитичката ситуација, пред се околу Украина и Блискиот Исток.

– Ќе продолжиме да ја правиме Европа посилна и да инвестираме повеќе во нашата одбрана и безбедност, додаде Мишел во објавата.

И Фон дер Лајен на Икс објави дека имала „одличен телефонски повик“ со Трамп и дека му честитала за изборната победа.

– Со нетрпение очекуваме да ги зајакнеме врските ЕУ-САД и да работиме заеднички во справување со геополитичките предизвици. Разговаравме за одбраната и Украина, за трговијата и енергијата.

Заедно можеме да поттикнеме просперитет и стабилност на двете страни од Атлантикот, наведе Фон дер Лајен во објавата.

Мишел и Фон дер Лајен преку објави на Икс му честитаа на Трамп уште во средата претпладне кога стана извесно дека тој победил на претседателските избори во САД.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button