
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го искритикува унгарскиот премиер Виктор Орбан поради „самопрогласените“ мировни мисии на унгарскиот лидер во Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон.
Во писмото до Орбан, како што пренесува „Политико“, Мишел потенцира тој нема мандат да преговора во име на ЕУ, а упати и критика за неговата изјава дека ЕУ има „провоена“ позиција во Украина.
„Ротирачкото претседателство со Советот нема улога во претставувањето на Унијата на меѓународната сцена и не доби мандат од Европскиот совет да се ангажира во име на Унијата“, потеннцира Мишел.
Мишел додава и дека тоа јасно го кажал уште пред посетата на Москва, а потоа го повторил и високиот претставник Жозеп Борел во неговата изјава од 5 јули.