ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Митева: Државниот пазарен инспекторат извршил 297 контроли во угостителските објекти

Митева: Државниот пазарен инспекторат извршил 297 контроли во угостителските објекти

Владината портпаролка Марија Митева информираше дека Државниот пазарен инспекторат извршил 297 контроли во угостителските објекти низ Македонија. Констатирани се бројни прекршувања на законските одредби. Додаде дека Пазарниот инспекторат издал вкупно 28 решенија за привремена забрана за вршење дејност кои вршеле дејност без лиценца или, пак, без исполнување на минималните технички услови и 12 решенија за отстранување неправилности за прекршоци утврдени согласно со Законот за угостителска дејност. Акцијата се спроведува во периодот од 17 март до 10 април 2025 година.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button