ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Митева: Јавноста ќе биде информирана за решението за евроинтегративниот пат на државата

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека кога ќе биде готово решението како да продолжат преговорите за евроинтегративниот пат на државата, јавноста ќе биде информирана.
– Не станува збор за нешто што ќе се држи во тајност. Посветеноста на Владата во однос на евроинтеграциските процеси секогаш е отворена пред граѓаните со јасно изразени услови. Кога ќе се создадат услови, јавноста ќе биде информирана, рече Митева.
Најголемата опозициска партија од македонскиот блок денеска повторно побара од Владата да каже каков е планот за евроинтегративниот процес на државата.