МАКЕДОНИЈА

Митева со контрапрашање одговори на обвинувањата на Кузеска за бизнисмените блиски до Мицкоски

Дали е вистина дека компанија од Македонија што е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС ѝ исплаќа пари на бугарска фирма во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС? Ова прашање денеска го постави на прес-конференција Марија Митева, портпаролка, пратеничка и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи ѝ на Богданка Кузеска, портпаролката на Социјалдемократскиот сојуз, која претходно на прес-конференција соопшти дека фирми на најблиското семејство на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се регистрирани во Бугарија, но и праша колку милиони евра свртеле и каде завршиле тие пари.

Advertisements

Порача дека доколку нема одговор на ова прашање, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира јавноста.

„Жалам што Кузеска и СДС се служат со невистини и манипулации обидувајќи се дека преку креирање лаги ќе ја сокријат вистината за што ние веќе неколку дена објавуваме факти и аргументи, а одговори од страна на СДС, Венко Филипче и Кузеска нема“, рече таа.

Претходно Кузеска на прес-конференција соопшти дека почнуваат со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Бугарија и во Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button