МАКЕДОНИЈА
Митева: Владата лажно е против рудник во Иловица

Според ВМРО-ДПМНЕ власта соопштува лажни информации дека наводно била против отворањето на рудникот Иловица-Штука. Од опозициската партија бараат да се одговори дали лица што се поврзуваат со ДУИ и СДСМ и се дел од сопственичката структура на инвеститорите.
„Дали целта на власта е рудникот да се изгради и дозволиле тоа да го работи фирма која што нема никакво искуство за ископ на бакар и злато, или пак второ, целта е Македонија да се најде на арбитража, фирмата да ги земе парите од арбитража по добивање на случајот и потоа тие пари да завршат кај оние кои што им ја завршиле услугата, а тоа е власта во моментов“, рече Марија Митева – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.