ЗАБАВА

Митот за детелините со четири листови


Митот за детелината со четири листови е нашироко распространет низ светот, а потекнува од ирската култура, односно традиционалниот ирски симбол е четирилисната детелина.

Пронаоѓањето на детелина со четири листови се смета за среќно бидејќи нивното појавување е навистина ретко. Тоа се должи на уште поретка генетска мутација во детелината.

Во видот Trifolium – детелини има околу 300 видови, и речиси сите имаат по три листови на едно гранче. Најчести видови кои растат кај нас се бела, црвена и црна. Кај сите видови детелини се случуваат генетски мутации и се јавуваат детелини со четири, пет па и повеќе листови.

Се смета дека четирилисните детелини од видот бела детелина носат среќа поради реткоста на нивното појавување. Според легендите, Ева изнела четирилисна бела детелина од Рајската Градина. Исто така, во средновековни времиња се сметало дека детелината со четири листови штити од зли духови.

Како и да е, денес детелината со четири листови сè уште е симбол на среќа и се прават многу амајлии, приврзоци, украси и други детали во облик на четирилисната детелинка.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button