ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицевски: Јавна расправа за анализа на можни законски измени со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Движењето ЗНАМ во Собранието поднеле барање за одржување јавна расправа во парламентот и дебата со сите релевантни чинители со цел анализа и утврдување на потребата од измени на законската регулатива во поглед на зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
За ова на својот фејсбук-профил утринава информира пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски.
„Очекуваме поддршка од сите пратеници во Собранието и да ги надминеме системските проблемите со кои се соочуваме изминатите години“, стои во фејсбук-објавата на пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.