ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицевски: Опозицијата да се приклучи на историскиот момент и да го поддржи Договорот со Владата на Обединетото Кралство

Стратешка позиционираност на Македонија во регионот, развој на инфраструктурата, здравството, енергетиката, науката и зацврствување на институциите ќе овозможи Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, истакна денеска на прес-конференција во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Тој во исто време информираше дека комисиската расправа за ратификација на Договорот завршила и оти за него ќе се расправа на денешната пленарна седница.
Мицевски ја повика опозицијата на коструктивност и апелираше да гласа за Договорот, оти како што рече, тој е историски за Македонија.