Мицевски побара од СДСМ и од Владата да го поддржат законот за енергетика предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска достави барање до Собранието за одржување итна седница за предлог-законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на Законот за енергетика, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на прес-конференција во Собранието.
Мицевски денеска го повтори она што и вчера го соопштија од неговата партија, дека Владата препишала делови од предлог-мерките што тие како ВМРО-ДПМНЕ ги понудиле.
„Она што Ковачевски го презентираше не е доволно. Во мерките што ги презентира Ковачевски слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи, но, случајно или не, ги изостави воодстопанските и комунални претпријатија кои поради високите цени на електрична енергија имаа проблем со ликвидноста и може да доведе до повисоки сметки на домаќинствата и стопанството“, рече Мицевски.