Мицевски: Сѐ уште немаме добиено дополнителен материјал, го немаме на увид ни протоколот со Бугарија

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека се уште го немаат добиено дополнителниот материјал за седницата која се уште не се знае кога ќе се одржи, а на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка.
– Вчера присуствувавме на координацијата на којашто отидовме со една и единствена цел а тоа е да ги побараме материјалите потребни за деловничко и собраниско обезбедување на материјали за пратеници за одржување на евентуална седеница. Тие материјали се уште ги немаме добиено од страна на Собранието на начин и постапка на која треба да се добијат, нагласи Мицевски.
Тој посочи дека иако како што кажува Владата дека материјалите се јавно достапни во Собранието има постапки и начин на доставување на потребни материјали до пратениците.
– За жал освен таа информација на една страна што ја добивме немаме дополнително никакви материјали, рече Мицевски.