ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицевски: В петок остануваме на ставот дека нема да поддржиме уставни измени

Остануваме на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат и под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Advertisements

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’ останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат и под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме. Впрочем, нашиот став е кажан и на Комисијата за уставни измени каде аргументирано кажавме дека власта турка процес којшто не е поддржан од граѓаните. Истото ќе го повториме и на пленарната седница“, рече Мицевски по координацијата на пратеничката група со партискиот лидер Христијан Мицкоски во пресрет на собраниската седница в петок, на која ќе се гласа потребата од донесување уставни измени.

Според него, седницата в петок ќе биде добра можност целата македонска јавност да се увери дека власта лажела цела година дека има мнозинство за уставни измени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button