ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако не се прифати еден од нашите предлози, избори би биле единствено логично решение

ВМРО-ДПМНЕ ќе почека уште некој ден за да добие одговор од СДСМ за предлозите што ги изнесов на лидерската средба и ако се пропушти оваа шанса ќе стане јасно дека процесот е целосно заглавен, по што единствено логично решение би биле избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Дојче Веле.

Advertisements

– Ние чекаме одговор. Непродуктивно и бесцелно е да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако тие не се сложуваат за предлозите кои ги дадовме. Ние ќе почекаме уште некој ден. Наместо да трошат енергија на посипување пердуви, нека имаат суштински состаноци и нека излезат со став, вели Мицкоски во однос на тоа дали има најава од СДСМ кога ќе дадат одговор на предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, изнесени од негова страна на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски минатата среда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button