ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако нема организатори, не може да има терористи

Мицкоски: Ако нема организатори, не може да има терористи

По одлуката да се амнестираат организаторите за 27 април и процесот против нив да биде прекинат, премиерот Мицкоски вели ако нема организатори, не може да има и терористи. На прашањето дали врз судијата Илија Трпков се вршеле притисоци, Мицкоски вели дека не го познава и додаде дека одговор треба да дадат сите оние коишто вршеа притисок луѓе да лежат во затвор веќе 7-8 години поради тероризам. Според Мицкоски, извршителите на овие настани кои се наоѓаат во затвор не можат да се наречат терористи.
„Факт е дека ако нема организатори не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап, но тие луѓе за тој престап доволно време поминале таму и треба тие кои водеа политички монтиран процес за коишто сто пати сме кажале во минатото, да си стават прстот на чело и да размислат што прават и што направиле„, рече Христијан Мицкоски, премиер.

Инаку токму вчера заврши случајот за организаторите за немилите настани во Собранието на 27 април, а со конечна одлука на судијата Илија Трпков обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атанасовски беа амнестирани. Судијата во образложение на одлуката рече дека извршителите не влегле самоиницијативно во Собранието и дека постојат организатори за овој упад, но на крај го прифати барањето на обвинителството кое поднесе мислење дека амнестијата треба да важи и за организаторите и одбраната и донесе одлука со која се солободуваат од понатамошно кривично гонење сите обвинети./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button