МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако сега купиме автобуси, ќе стигнат догодина

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека проблемот што скопјани го имаат со јавниот градски превоз нема да се реши доколку во моментов биде отпочната постапка за набавка на 250 нови автобуси, како што изминатиот период бара скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Advertisements

„Денеска да поддржиме одлука или да почнеме процес за набавка на автобуси само за Скопје, истите ќе бидат испорачани за следната учебна година. Ние стоиме на располагање да слушнеме план, да го поддржиме тој план, но ако е планот ‘гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина’, тоа нема да го реши проблемот којшто денеска го имаат скопјани“, изјави Мицкоски.

Во оваа смисла премиерот додаде оти проблемот се решава со мобилизација во Јавното сообраќајно претпријатие со, како што рече, вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку градската каса му ги даваат како субвенција на ЈСП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button