Мицкоски: Али Ахмети и ДУИ на дневна основа стануваат фактор на нестабилност

Али Ахметни продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе, и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Коментирајќи го соопштението на ДУИ дека власта ги уништува сите досегашни постигнувања во државата и ако се допре законот за јазиците, сите Албанци ќе бидат на нозе, премиерот Мицкоски посочи дека тоа е дел од реториката на опозицијата која нема да може да предизвика нестабилност.
-Се навикнавме на изјавите на Али Ахмети да биде фактор на нестабилност, со воинствената реторика да повикува на немири и нестабилност, но тоа што го кажува немислам дека може да предизвика нестабилност бидејќи Албанците, но и сите граѓани во Македонија се свесни за сето она што лично го направи тој и тие неколкумина околу него во изминатите повеќе од дваесет години додека беа власт. Претпоставувам пораката се однесува на истите оние уставни судии кои што тој во Речица и оние на Бихаќка ги поставија во Уставен Суд. Законот за употреба на јазиците е во Уставниот Суд, а ако се погледне, таму се луѓето кои излегоа во тефтерчето од Речица и на Бихаќка. Претпоставувам дека притисокот врз тие луѓе продолжува и се бара некоја преносна структура да ја пренесе пораката. Не мислам дека ова е нешто сериозно, но тој продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери бидејќи Али Ахмети и ДУИ се повеќе и на дневна основа стануваат фактор на нестабилност, истакна Мицкоски.