ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апелирам до пратениците да ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за личните карти и за пасошите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика пратениците од сите политички партии да го поддржат законското решение предложено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кое ќе се продолжи важноста на личните карти и пасошите, по примерот на тоа со возачките дозволи.

Advertisements

Според Мицкоски, единствено во Парламентот може да се стави крај на, како што рече, да не бидеме притвореници во овие 26 илјади квадратни километри и ги повика пратениците да донесат законски измени, исто како за возачките дозволи.

–    Апелирам до пратениците, без разлика од која политичка партија доаѓаат да ја поддржат иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и истото да го направат и за личните карти и за пасошите, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button