Мицкоски бара избори во мај без 100 дена „Пржинска влада“
Мицкоски бара избори во мај без 100 дена „Пржинска влада“

Артан Груби понуди, Христијан Мицкоски денеска одби. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати понудата на вицепремиерот од ДУИ, кој побара ВМРО да поддржи промена на Уставот за впишување на Бугарите, а веднаш потоа Парламентот да се распушти и да се оди на предвремени парламентарни избори. Според Мицкоски, ВМРО барало власта да ја вклучи во преговорите за Францускиот предлог, но било одбиено, така што сега нема зошто да се бара ваква услуга од нив.
„Тие предлози од владата на ДУИ поддржана од СДСМ сме ги слушале во минатото…. Ги предупредивме, не преземајте обврска којашто нема да ја исполните, но тие и покрај тоа ја втурнаа Македонија во една голема неизвесност…“, рече Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Во овој контекст, Мицкоски денеска излезе со свој политички предлог до власта затоа што како што рече е свесен оти Македонија има реален проблем во однос на евроинтеграциите.
„…Затоа јас има контра-предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминативе години и изминативе месеци. Еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме, да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во којшто ја втурнаа Македонија“, додаде Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката СДСМ пак, претходно денеска искоментираа дека Мицкоски капитулирал на тема предвремени избори затоа што со гласањето на 65 пратеници во Собранието се потврдило зголемено парламентарно мнозинство на СДСМ и коалицијата./Алсат.мк