Мицкоски бара Владата да одвои пари за приватните превозници во Скопје
Мицкоски бара Владата да одвои пари за приватните превозници во Скопје

Данела Арсовска не чувствува одговорност за сообраќајниот хаос во Скопје, затоа што Градот до пред блокадите редовно ги исполнувал сите обврски кон приватните превозници. Арсовска во емисијата 360 степени уверуваше дека сите возачи кои чесно си го заработуваат лебот нема да останат на улица и ги повика да не дозволуваат некој да прави политика и да манипулира во нивно име.
Арсовска одговори и на обвинувањата од ВМРО дека подготвува терен приватниот превоз во Скопје да ѝ се додели на приватна фирма и оти токму поради тоа, повикот за приватните линии трае 5 недели.
Денеска пак, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека на средбите кои според него, се одржуваат тајно меѓу Арсовска и премиерот Димитар Ковачевски, треба да се зборува за решение на проблемите, а не за пазарења за провизии и тендери.
Инаку, булеварот Илинденска останува блокиран од приватните превозници. Тие вчера ги повлекоа автобусите од крстосниците кај Мавровка и Црвениот крст./Alsat.mk
Ардит Рамадани