ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Барањата на Петков порадикални од оние на Каракачанов

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција трите точки од Бугарија поставени како услов за кревање на ветото, ги оцени како обид на премиерот Петков, со ултра националистички постапки да ја одржи владејачката коалиција во Бугарија.

„Тие три барања се порадикални и од барањата на Каракачанов. Тој вели – Декларацијата на парламентот, која е ултра асимилаторска и хегемонистичка, потоа вели Бугарите во Уставот и на крај Договорот за добрососедство. Не знам кој нормален човек во Македонија ова ќе го прифати. Ова што го гледам е обид на Петков да ја одржи, каква таква, коалицијата во Бугарија со ултра радикален национализам. После неговата вчерашна изјава, не знам зошто воопшто преговараме“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button