Мицкоски: Бектеши за Иловица ги брани интерсите на компанија блиска до ДУИ

По изјавата на министерот за економија, дека не е пишман што потпишал поврзување на двете концесии за рудник за бакар во струмичкиот регион, опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Крешник Бектеши ги штити приватните компании блиски до ДУИ. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска изјави дека половина од власта е излажана од Бектеши кој ја брани одлуката за спојување на спорните концесии.
Мицкоски потенцира дека тука се е јасно, имено дека Владата го штити приватниот интерес на компанија која е блиска до ДУИ, и оди против интересите на граѓаните од тој регион.
Од компанијата „Еуромакс рисорсис“, која ја доби концесијата за отворање на рудникот, соопштија дека имаат правна основа за покренување на евентуален спор пред меѓународните судови, повикувајќи се на билатералниот договор за заштита на инвестициите меѓу Македонија и Швајцарија, потпишан во 1996 година. Локалната скопска канцеларија на оваа компанија објаснува дека како правно лице го ужива правото на заштита според член 10 став 1 од договорот, кога ќе се појави спор помеѓу заштитените инвеститори и Северна Македонија, треба да се одржат активни консултации меѓу заинтересираните страни за спогодбено решавање на спорот.
„Ако консултациите не резултираат со решавање на управниот спор, договорот предвидува дека инвеститорот може да поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ИЦСИД), или Судот основан во согласност со арбитражните правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите нации (УНЦИТРАЛ)“, велат од „Еуромакс Рисорсис“, Концесионерот на рудникот „Иловица-Штука“.
Од „Еуромакс рисорсис“ велат дека овие чекори ќе се преземат затоа што бескрајно се чекало на одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје, да се легитимира законското решение. Од компанијата велат дека веќе ја повикале владата на консултации.
Аднан Ќаили