ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски беше домаќин на неговиот српски колега Милош Вучевиќ и делегацијата на неговата влада во Скопје

Мицкоски беше домаќин на неговиот српски колега Милош Вучевиќ и делегацијата на неговата влада во Скопје

Српскиот премиер во Скопје, пречекан со високи државни почести, ја предводеше делегацијата на неговата влада, која на средби со владата на Христијан Мицкоски, разговараше за патното, железничкото и енергетското поврзување. Мицкоски рече дека изградбата на Коридорот 10 и поврзувањето со регионот, но и со европските земји е исто толку голем приоритет како и Коридорот 8. Според него, во интерес на Владата е да се изгради интерконекторот со Србија, а поврзувањето со интерконектор со Грција, кој е во завршна фаза на тендерската постапка и се очекува да биде готов до крајот на годинава. Премиерот ја спомена целта за независност од рускиот гас.

Advertisements

Во тој контекст, премиерот ја спомена руската окупација на Украина со очекување дека во текот на зимата Украина ќе повлече големи количини енергија од Европа, што ќе влијае на драстично зголемување на цената на енергијата.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека Србија нема да се откаже од рускиот гас.

„Многу сме горди на проектот „Турски тек, Јужен тек“, наречете го како сакате. Да не постоеше тој проект, а ние да не го изградивме, Србија сега немаше да има гас. Да бидеме прецизни и искрени – не се откажуваме од никаков гас, сакаме и руски и азербејџански гас, сите извори. Да се откажеме од туѓ гас затоа што некој друг така мисли, извинете, но ние се грижиме за нашиот дом“, рече Милош Вучевиќ, премиер на Србија.

Двајцата премиери разговараа и за планот за брзо железничко поврзување, во рамките на Коридорот 10.
На денешниот прием на српската делегација не присуствуваше ниту еден албански претставник во Владата.

Посетата на српската делегација е прва по смената на власта, но доаѓа многу брзо по посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата влада на Скопје. Критичарите зборуваат за нов притисок од Кина, која е заинтересирана за брзо градење врски преку Коридорот 10 за да ја прошири својата економија во другите земји во Европа./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button