ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Благодарам народе на Македонија, ова е твоја победа

Шансата за нова иднина народот ја зема во свои раце. Ова е триумф на хероите на Македонија, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето прво појавување пред јавноста по денешниот изборен ден. Како што кажа тој ВМРО- ДПМНЕ во првиот круг има освоено околу 20 градоначалнички места.

„Благодарам народе на Македонија, ова е твоја победа. Ова е победа, но и одговорност. Едно да знаете нема да ве изневериме“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на обединување во вториот круг на сите граѓани коишто сакаат промени во државата.

„Уште само еден чекор нѐ дели од она за коешто сонувавме“, додаде Мицкоски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button