Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме

Можеби некој очекуваше по вчерашниот Извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, ќе продолжиме уште посилно и попосветено да работиме, ќе покажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и архитектите кои сакаат, не ќе можат да го попречат нашиот пат кон ЕУ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Ова беше преседан, архитектура што се обидува да ја создаде една земја членка на ЕУ и тоа секако влијае врз имиџот на Унијата. Обидот беше целосно преименувуање на македонскиот идентитет и јазик од некои европратеници кои со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како „модерен“. Тоа не успеа зашто мнозинството европратеници ја прочита немерата, но успеа бришењето од Извештајот на македонскиот идентитет и јазик, она што беше усвоено на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ). Многу е поважно што Европа, светот и македонските граѓани видоа дека Договорот од 2022 година, прифаќањето на тогашниот Предлог, не е само лесна промена и интервенција во Преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство, туку проблемот е многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет и јазик на еден од најмалубројниоте народи во Европа од страна на Бугарија. Тоа за мене е чин без преседан и е сѐ, само не е европска вредност. Не можам да прифатам како европретниците што вчера гласаа за бришење на македонскиот јазик и идентитет мирно ќе спијат, а им благодарам на тие 120 и нешто што гласаа против и на оние поеќе од 100 што се воздржаа од гласање, рече Мицкоски