

Alsat
11.08.2020 15:44
Цената на електричната енергија нема да се зголемува само ако се намали маржата што ја наплатува универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Ова е ставот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по низата реакции за новата цена на струјата. Тој посочи дека неколку пати ја предупредил Владата дека со либерализацијата на пазарот следи и повисока цена на електрична енергија.
Маржата која што ја наплатува универзалниот снабдувач замислете го победил државниот ЕЛЕМ тогашeн, со пониска маржа и таа изнесува 11,5%. Начин како да се намали цената на електричната енергија однoсно да не се поскапи, само треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач ништо повеќе ништо помалку. До кога македонските граѓани ќе плаќаат маржа која што е историски најголема во Европа и не е споредлива со многу побогати држави од ова нашата, 11,5 проценти е премногу на сметка на граѓаните“-изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО- ДПМНЕ.
Од СДСМ не реагираа на обвинувањата на Мицкоски дека за повисоката струја виновник е Владата. Претходно и од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива побараа наместо зголемување, цената на струјата да се намали. Засега ставот на енергетските компании е дека нема да бара намалување на цената бидејќи во спротивно ќе работат со загуба. Од друга страна граѓаните најавуваат нови протести, со барања до надлежните институции да ја преиспитаат одлуката.
Андреа Чобанова