ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски демантира дека се сретнал со Груевски во Будимпешта

За време на престојот во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски вели дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, кој веќе шест години живее таму како политички азилант. Но, во изминатиот период тој тврди дека со него се сретнале функционери на СДСМ и ДУИ, за што вели дека наскоро ќе ги објави доказите.

Advertisements

Но, Мицкоски не е единствениот што изјави дека функционери од претходната власт имале тајни средби со Груевски во Будимпешта. За ова претходно алармираа и од ВЛЕН.

„Веќе има докази дека ДУИ преку разни форми е во контакт со Груевски, со кого се разговара за можностите за негово враќање, од кои би зависела идната судбина на ДУИ, заедно со СДСМ. Па јавно прашуваме како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 06.09.2023 година во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното“ враќање на Груевски?“, велат од ВЛЕН.

ВЛЕН објави и дека во март минатата година во Вила Водно била одржана тајна средба меѓу Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, Али Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи за враќањето на Груевски во Македонија, преку помилување од претседателот. Барањето за помилување на Груевски го потврди и самиот Пендаровски, кој во телевизиско гостување рече дека „на неформален план ме консултирале повеќе актери на политичката сцена за оваа можност, што мислам јас за оваа можност. Категорично им кажав дека никогаш нема да го направам тоа, бидејќи тоа е уништување на правната држава“, изјави Пендаровски. Груевски е во политички азил во Унгарија од ноември 2018 година, откако против него беа поднесени низа кривични пријави од тогашното Специјално обвинителство.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button