ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес вистината излезе на виделина

„Нека видат народите од светот со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. И да оставиме трага за вистината, за една битка на една генерација“, рече премиерот Христијан мицкоски откако денеска Европскиот парламент ги отстрани референците за македонскиот јазик и идентитет од Извештајот за земјава.

Advertisements

„Ова е нашиот Крушевски манифест, со кој конечно мора ние самите да се мобилизираме и да ги мобилизираме сите пријатели и сојузници затоа што ова е борба за фундаментални, основни човекови права и вредности. Ние сме на вистинската страна од историјата. А, Бугарија, видовме низ историјата, знае и да ја утне вистинската страна. Денес, на очиглед на сите, на Европа можеме да ѝ кажеме дека вистината излезе на виделина…Не сакам никогаш и никој да ми споменува дека бугарското малцинство е проблем. Тие неколку стотини луѓе кои се лувствувале како Бугари дали биле во Уставот или не, не се никаков проблем, уште утре можеме да ги внесеме. Но, суштината е многу подлабока од тоа и тоа сосема јасно се виде со овие чекори кои ги презема нашиот источен сосед низ европските ходници“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button