Мицкоски: Додека не се реформира ДУИ не може да биде дел од власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, на 34. Конференција на Унијата на Млади сили на партијата, ги коментираше барањата на ДУИ за предвремени парламентарни избори. Мицкоски рече дека ДУИ нема капацитет да се бори против криминалот и корупцијата, ниту пак, за спроведување реформи – две прашања што ќе бидат клучни на следните избори.
ДУИ веднаш реагираше, нарекувајќи го говорот „испад, навреда и провокација“ како последица на отсуство на резултатите од страна на владата. Според интегративците, единствената „програма“ што му останала на Мицкоски во услови на неуспеси е омразата, потценувањето и исклучувањето на Албанците, клеветите и поттикнувањето на меѓуетничка поделеност.
„Вели дека ДУИ имала 23 години за да ги покаже своите капацитети? Да, токму во тие години, земјата стана членка на НАТО, се доближи до Европската Унија, го изгради најфункционалниот модел на мултиетнички соживот во регионот и придонесе за регионална стабилност преку дијалог и мудрост… Мицкоски и неговата партија, од друга страна, секогаш се идентификувале со меѓуетничка омраза, блокади, изолација и масовна корупција“, рекоа од ДУИ.
Следните избори во земјата се очекува да се одржат во октомври, на кои ќе бидат избрани идните челници на општините. Сепак, заедно со нив, опозицијата бара да се одржат предвремени парламентарни избори. Засега нема договор за ова прашање, иако речиси сите партии се подготвени.
Суад Бајрами