ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ДУИ е исплашена од корумпираното минато на нивните функционери

Мицкоски: ДУИ е исплашена од корумпираното минато на нивните функционери

ДУИ е исплашена од корумпираното минато на нивните функционери. Вака премиерот Мицкоски ги коментираше обвинувањата од страна на интегративците во врска со положбата на Албанците во државата. Мицкоски денеска изјави дека ДУИ би направила добро ако се врати на зелената агенда.

Advertisements

Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека Али Ахмети нема морален кредибилитет да зборува за достоинствено претставување на Албанците, бидејќи тој е главниот виновник за заминувањето на младите Албанци од своите родни места.

„Значи, тој нема морален кредибилитет да зборува за подостоинствено претставување на Албанците. Ние сме посветени, коригираме еден пропуст на г. Ахмети. Децентрализацијата беше една од столбовите на Охридскиот договор, а ја затекнавме Македонија како најцентрализирана држава во регионот, и тоа го поправаме со оваа Влада на ВЛЕН. Еден милијарда евра одат за општините и децентрализацијата, и со голема одговорност велам дека околу 300 милиони евра одат за нашите 15 општини. И вие сте сведоци дека секој ден ќе има промоции, почетоци на реализација на проекти со кои се соочуваат Албанците, бидејќи младите Албанци заминаа поради политиките на г. Ахмети, кој политичката моќ ја искористи за брзи кредити, бизниси со казина, партнерства во корупција, и затоа ДУИ секојдневно се соочува со правдата и со американската црна листа“, рече Изет Меџити, вицепремиер.

Реакциите на Меџити и Мицкоски дојдоа како одговор на обвинувањата на Ахмети дадени по средбата со претседателот на Албанија./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button