ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел од новата Влада најавувајќи дека со досегашната владејачка структура неговата партија нема да разговара за коалиција по изборите на 8 мај.

– Жалам што ДУИ сѐ уште живее во некои времиња кои се минато. Македонија е држава на сите граѓани, не е федерација, ниту бионационална држава. Според демократијата, оној што има 61 пратеник и парламентарно мнозинство ја формира идната Влада. Јас не знам како тие пресметале дека се претставници на мнозинското немакедонско население во Македонија. Сите ние сме граѓани на Македонија и ценам дека политиката не треба да се гледа како шведска маса па ДУИ сега ќе земе малку од СДСМ, па од ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ очекувам да биде опозиција за неколку недели од денеска -рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button