ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Двете агенции за разузнавање, наскоро ќе се спојат

Мицкоски: Двете агенции за разузнавање, наскоро ќе се спојат

Премиерот Христијан Мицкоски го потврди владиниот план за спојување на безбедносните служби. Овој план, кој датира од реформите на тајните служби кои следеа по Договорот од Пржино, според Мицкоски ќе се реализира во рок од неколку месеци.

Спојување на тајните агенции, Агенцијата за национална безбедност, која во моментов е во надлежност на Владата и Агенцијата за разузнавање, која е под надлежност на претседателот, вети и претходната влада. Сепак, според нив, требаше да помине време за да се создадат услови овие институции да комуницираат и да се спојат во едно. Ова ветување не беше исполнето. Барањето за нивно обединување се најавува и со цел да се постигне поголема ефикасност на тајните служби по членството на земјата во НАТО.

По спојувањето на овие институции, Мицкоски не даде повеќе информации кој и како ќе ги води. Сепак, ВЛЕН пред неколку дена соопшти дека по спојувањето, функцијата заменик директор ќе им припадне ним.
До спојување на двете агенции на тајните служби, претседателката Гордана Сиљановска- Давкова ја назначи Габриела Јаковлева за нова директорка и Ивана Стојановска за заменик директор на Агенцијата за разузнавање.

Јавно имаше реакции дека не се испочитувани законските услови при именувањето во случајот со заменик директорот. Реакциите беа и во насока на етничка незастапеност на Албанците. Сепак, од Кабинетот на претседателката рекоа дека новата заменичка-директорка ги исполнува условите од најмалку 10 години работно искуство во областа на безбедноста, од кои најмалку пет години на раководна позиција во Агенцијата за разузнавање, и дека при именувањето се воделе само од националните интереси./Aлсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button