ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги обвинува членовите на Судскиот совет за привремениот избор на Саити за прв човек на Врховен

Именувањето на Џемали Саити за в.д во Врховниот суд според премиерот Мицкоски е уште еден дополнителен факт зошто треба да бидат разрешени членовите на Судскиот совет на кои Собранието им изгласа недоверба. Во меѓувреме, гласањето за интерпелација, според првиот човек на извршната власт, не е направено со намера досегашните членови да се заменат со партиски послушници.

Advertisements

Пратениците од Европскиот фронт предупредија на користење на инструментот интерпелација и за уставните судии, кои го оправдуваат со тоа  дека имаат намера да го укинат Законот за употреба на јазиците. На ова денеска реагираше и Уставниот суд кој подвлече дека во никој случај не може да има интерпелација на уставни судии бидејќи Уставот не дозволува Собранието да се меша во ингеренциите на уставните судии, начинот на нивниот избор или престанокот на нивната функција

Уставен суд:

„Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд“. 

И покрај изгласувањето интерпелација за петте членови на Судскиот совет кои беа избрани во собраниска процедура, членовите не можат да бидат разрешени, туку можат сами да си поднесат оставки. Членовите се изјаснија дека и покрај гласањето интерпелација, нема да поднесат оставки. Тоа значи дека ќе треба да почекаат да им заврши мандатот. Мандатот на членот Милазим Мустафа завршува наскоро, поточно на 9 јули годинава, додека мандатите на Селим Адеми и Весна Дамева завршуваат на 12 декември. Павлина Црвенковска има мандат до декември 2026 година, додека Тања Чачарова-Илиевска до декември 2027 година.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button