ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски ги отфрла обвинувањата од опозицијата за етнички и партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека во државата се почитува Законот за правична застапеност во институциите, отфрлајќи ги при тоа обвинувањата од опозицијата за етнички и партиски вработувања од страна на власта.
„Јас не се согласувам со тоа што го зборува опозицијата бидејќи албанската опозиција има таква порака затоа што освен национална тема, овен етничка поделба, тие немаат друга тема. Од друга страна, македонската опозиција исто така обвинува за вакви вработувања, но тие велат – партиски вработувања…Кога вие последен пат сте ја слушнале албанската опозиција во Македонија да зборува за екологија, за економија, за образование, за земјоделие…“, рече Мицкоски.