ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски го повика Судскиот совет да го преипита работењето на судијата кој ја донесе пресудата за смртта на Теодора од Тетово

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата кој донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор.

Advertisements

Мицкоски истакна дека е згрозен од ваквата пресуда и дека тоа не е правда, туку целосно потфрлање на системот.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, сторителот кој ја прегази 22-годишната Теодорапрвично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелациониот суд ја намали казната на две години, но Врховниот суд ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење. Судот во Тетово вчера повторно му досуди две години затвор на сторителот.

– Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда, изјави премиерот на денешната конститутивна седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата.

Додаде дека ова не е партиска борба, туку битка за вистината, одговорноста и правдата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button