Мицкоски го предложи Законот за организација на Владата, до Собранието
Мицкоски го предложи Законот за организација на Владата, до Собранието

74 пратеници денеска гласаа во Собранието по скратена постапка да се гласа за промена на законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој се предвидува реорганизација на Владата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и предлагач на законот, побара од пратениците да го поддржат овој закон бидејќи, според него, се работи за рационализација на институциите со можност за спојување или поделба на институциите.
Од опозициската СДСМ побараа точката да се тргне од дневниот ред, зашто според нив системски закон не треба да се носи по скратена постапка.
Блерим Беџети рече дека треба да се разговара пред процесот на усвојување. Тие гласаа воздржано за
„Ни овој закон не треба да се спроведува еднострано, бидејќи организирањето на државните органи ќе има предности или недостатоци за граѓаните на оваа држава, од сите етнички припадности. Затоа, со процес на дијалог, бидејќи овие тела се во служба на граѓаните, треба сите да внимаваме на легитимитетот“, рече Блерим Беџети, ДУИ.
Од Левица, пред почетокот на седницата изјавија дека усвојувањето на овој закон го условуваат со одобрување измени на Изборниот законик, поточно да има една изборна единица.
За измените во законот за организација и работа на органите на државната управа се очекува да се гласа на почетокот на следната недела. За законот да биде изгласан потребни се 80 гласови за./Алсат.мк
Суад Бајрами