ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите

Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во коментар на денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Advertisements

Мицкоски најави дека ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, а посебно, како што рече, оние кои имаат одобрение за  реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти.  Со тоа, вели, ќе се извадат на површина лицата блиски до партии од претходната Влада кои правеле такви злоупотреби.

Според Мицкоски, додека опозицијата ликувала за оваа состојба, Владата се борела да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период за примена на препораките, што за жал претходата влада не ги почнала, а се однесуваат за период од 2017 до март 2024 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button